Ако постојат специјални обувки за алпинисти, велосипедисти, фудбалери, атлетичари… зошто и гејмерите не би добиле обувки за своите спортски активности. Така барем размислува Puma, познатиот производител на спортска опрема.
Оваа компанија го претстави својот нов производ – Active Gaming Footwear, за кој тврди дека е дизајниран по многу разговори и слушање на желбите и потребите на професионалните гејмери. Останува неразјаснето за кои гејмери се работи и зошто мислат дека им е неопходна специјална спортска облека. Впрочем, дури и кога е во прашање некоја спортска игра, гејмерите и натаму седат залегнати во фотелја додека играат.
Но, кога малку подобро ќе го погледнеме дизајнот, на крајот се ја добива својата смисла. Active Gaming Footwear суштински изгледа како една дебела, зимска чорапа…
Поврзани артикли