Компанијата MSI планира својата линија лаптопи, наменета за креаторите на содржини да ја освежи со следната генерација Creator 17 модели, кои ќе ги карактеризира Mini LED екран.
Creator 17 лаптопот ќе биде претставен во текот на CES 2020 саемот во Лас Вегас, а ќе биде прв лаптоп кој ќе ја имплементира оваа револуционерна технологија. Mini LED дисплејот нуди врвна прецизност на приказ на боите.
MSI истакнува дека Mini LED екраните имаат едноставна структура и подобри перформанси во комбинација со сите предности на традиционалните дисплеј технологии.
Компанијата верува дека со Creator 17 лаптопот може да ја преземе водечката улога на пазарот на преносни компјутери. За ова ќе придонесе максималното осветлување од 1000 нити, со 240 зони на локално затемнување. Уште една клучна карактеристика на Mini LED дисплеите е тоа дека се имуни на burn-in проблемите.
MSI Creator 17 лаптопот ќе има 4K излез и широк опсега на покриеност на бои од 100% DCI-P3. Лаптопот ќе ги користи најновите CPU и GPU чипови, ќе го има најбрзиот светски UHS-III SD читач на картички и Thunderbolt порт.
Поврзани артикли