Huawei објави дека најновата верзија на EMUI 10 корисничкиот интерфејс (заснована на Android 10) е достапна на преку 10 милиони Huawei и Honor телефони. Моментно, постојат 33 различни модели кои се официјално поддржани со новото ажурирање.
Пред помалку од еден месец, Huawei објави дека милион уреди го користат EMUI 10 (или Magic UI 3.0 за Honor уредите).
Mate 30 серијата беше прва на која дебитираше EMUI 10, а бидејќи Huawei прилично често го ажурира своето портфолио, достигнувањето од 10 милиони смартфони со EMUI интерфејс е остварено многу брзо.
Huawei објави и дека до крајот на 2019. година планира да испорача 230 милиони телефони.