Samsung Galaxy Buds се помеѓу најдобрите вистински безжични слушалки на пазарот, а новиот модел наскоро пристигнува на пазарот.
Се работи за Bluetooth слушалки под името Samsung Galaxy Buds+, кои претставуваат одговор на AirPods Pro на Apple, со фунцкијата активно поништување на вревата (Active Noise Cancelation).
За спецификациите засега нема детални, но јасно е дека слушалките наскоро ќе го здогледаат светлото на денот. Можно е дека ќе ги видиме на Consumer Electronics Show во Лас Вегас, кој се одржува од 7. до 10. јануари.
Актуелниот модел Galaxy Buds слушалки е претставен заедно со смартфоните од Galaxy S серијата – Galaxy S10, S10 Plus и S10e. Со оглед на тоа дека Galaxy S11 не се очекува пред февруари, можеби малку подолго ќе чекаме на новите Galaxy Buds+.
Шпекулациите говорат дека новиот модел ќе изгледа идентично како претходникот. Слушалките ќе бидат сместени во мала кутија и ќе имаат контроли осетливи на допир. Разликата би требало да биде недостатокот на гумените врвови на слушалките, но тие би биле опција за оние кои ги сакаат.
Се очекува дека слушалките ќе имаат Active Noise Cancelation, како AirPods Pro и Sony WF-1000XM3. Оваа можност доаѓа со поголема цена, така што може да се очекува цена поголема од 149 долари.