Астрономите забележаа магнетна експлозија на површината на Сонцето каква што немаат видено досега. Иако теоријата за ваквите експолозии ја развија пред 15 години, дури сега успеаја директно да ја забележат во Опсерваторијата за соларна динамика на НАСА.
Ова откритие е објавено во списанието Astrophysical Journal.
Имено, она што астрономите го регистрираа е резултат на ерупцијата на површината на Сонцето при која еруптивниот материјал го исфрла во сончевата корона или горната атмосфера на Сонцето. Овој еруптивен материјал е познат како проминенција. Материјалот се враќа назад кон Сонцето, но се судира во линиите на магнетното поле и така доведува во невидени магнетски експлозии.
Разбирањето на овој феномен може да им помогне на научниците да дознаат многу повеќе за атмосферата на Сонцето, како и да го предвидат вселенското време.
Да се потсетиме, со години наназад научниците се обидуваат да сфатат зошто сончевата корона е милиони степени потопла од Сонцето. Ова го истражува сондата на НАСА, Parker, која изминатите денови кружи околу Сонцето.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли