Cadillac, една од најголемите гордости на американската автомобилска индустрија и единствената марка која може да се справи со европската конкуренција, најави значајна иновација.
Иако станува збор за новина која попрво може да се припише на кинеската автомобилска индустрија, технолошката новина сепак доаѓа од General Motors. Cadillac веќе долго време ја најавува новата генерација на Escalade, својот и американскиот предводник во SUV-класата, за сега да открие еден значаен детал.
Тоа ќе биде првиот автомобил во светот кој ќе има заоблен OLED дисплеј. Не само тоа, ова големо возило треба голем екран, па затоа дијагоналата е дури 38 инчи, што значи дека има двојно поголема резолуција од 4K телевизорите и веројатно ќе има подобар квалитет на слика отколку што повеќето од нас имаат во домовите.
И покрај годините, високата цена и бројната конкуренција, Escalade сè уште се одржува добро на американскиот пазар. Во текот на три квартали од годината која изминува продадени се над 30.000 примероци.
Новиот Escalade премиерно ќе биде претставен на почетокот од февруари следната година, за време на Неделата на Оскарите.