Една AI камера инсталирана во воланот и една во ретровизорот ќе следат сè што прават возачот и патниците во автомобилот, а возачот ќе го предупредат ако е уморен или ако гледа во телефонот а не напред на патот.
Европските институции неодамна усвоија одредба според која сите нови автомобили, камиони и автобуси од 2022 година ќе треба да имаат напредна технологија што ќе ја зголеми безбедноста при возењето, што треба да го намали бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на загинати и повредени на патиштата. Затоа, возилата треба да имаат системи што ќе ги алармираат возачите ако се уморни или ако користат паметни телефони додека возат, ќе имаат црни кутии, системи за одржување во сообраќајната лента…
Во такви ситуации, ќе го предупреди возачот да не го допира телефонот, ќе се обиде да го разбуди со предупредувачки пораки или ќе му предложи да застане и да одмори малку пред да продолжи. Во екстремни ситуации, вештачката интелигенција ќе може да го забави возилото за да се избегне судир.
Целиот текст можете да го прочитате на порталот Додај Гас
Поврзани артикли