Минатиот месец се појави извештај, кој тврдеше дека Galaxy S11 и неговата Plus варијант ќе има систем со четири камери на задната страна, од кои еден сензор ќе биде и 48 MP телефото камера. Сега, доверливиот дојавувач Ice Universe истакна дека Galaxy S11, S11e и S11+ ќе имаат телефото сензори со 48MP резолуција.
Дојавувачот не објави детали, но додаде дека јужнокорејската компанија ќе биде предводник во трката со голем број пиксели на телефото сензорите.
Според гласините, Galaxy S11 и Galaxy S11+ Би требало да имаат 108MP главни камери на задната страна. Не е познато дали ова се однесува и S11 моделот или Samsung ќе се определи за пониска резолуција на камерата за најевтиниот телефон во S11 линијата.
Samsung најверојатно ќе ја претстави Galaxy S11 линијата на 18. февруари, а дотогаш не очекуваат уште доста информации за овие премиум уреди.