Новите Android смартфони кои во иднина ќе се појавуваат во Турција ќе мораат да функционираат без Google апликации, бидејќи технолошкиот гигант не успеа да ги реши проблемите со властите во оваа земја.
Имено, според последните информации, Google ги известил деловните партнери во Турција дека понатаму нема да можат да соработуваат со нив кога се во прашање новите Android телефони. Проблемите почнаа кога рускиот конкурент Yandex поднесе пријава против Google, па на компанијата уште во 2018. година и беше наложено на Android корисниците да им овозможи на своите уреди да бираат и други пребарувачи. Во таа прилика доби рок од шест месеци да ги направи бараните измени и и беше пропишана казна од 17,4 милиони долари.
Google вели дека преговорите со турските власти се во тек, така што за Android корисниците во оваа земја се уште не е се изгубено, а постарите модели нема да бидат погодени со промените, како ни другите сервиси на компанијата.