Европската вселенска агенција ќе лансира телескопот под име Cheops за да ги истражува далечните планети, пишува BBC.
За разлика од претходните слични мисии, Cheops нема да се фокусира на пронаоѓање на нови планети, туку ќе се посвети на анализирање на веќе познатите планети за да откријат дали на нив има плин или услови за живот.
Телескопот ќе пристигне до орбитата на Земјата со руската ракета Сојуз која ќе биде лансирана од Франција. Лансирањето беше закажано за денеска, но поради технички проблеми е одложено за утре доколку се реши настанатиот проблем.
Телескопот Сheops е заеднички проект на ЕСА на чело со Швајцарија. Со овој телескоп ќе се обидат да ги проучат планетите во вселената.
Научниците од Универзитетот во Берн и Универзитетот во Женева направија моќен фотометар за овој телескоп.
На овој начин ќе се добие прецизно мерење на планетите.
Научничката Кејт Исак за BBC News изјави дека со тоа ќе се знае повеќе за внатрешната структура на планетите.
– Мерејќи ги различните планети, и оние коишто се блиску и оние коишто се далеку, ќе можеме да кажеме нешто повеќе за настанокот и еволуцијата на планетите.
Таа истакнува дека дојде време кога науката треба да престане да ги брои новооткриените планети и да се фокусира на нивно профилирање на пософистициран начин.
„Мора да знаеме дали на нив има атмосфера, прстени, плин и услови за живот“, изјави научничката.
Cheops ќе биде во состојба да ги истражува ваквите „мистерии“.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли