Финска подготви технолошки божиќен подарок за сите граѓани на Европската Унија – бесплатен курс на нивниот мајчин јазик за користење на вештачка интелигенција.
Финска, која брои 5.5 милиони жители, ќе го пренесе знаењето за вештачката интелигенција за еден отсто од жителите на ЕУ, што е околу пет милиони луѓе, преку основен онлајн курс кој ќе трае до крајот на 2021 година.
Во проектот ќе учествуваат и Универзитетот во Хелсинки и финската консултантска фирма „Рекатор“.
Професорот по компјутерски науки на Универзитетот во Хелсинки, Тиму Рус, го претстави проектот кој чини два милиони евра и е подарок од Финска за Европа со цел луѓето да научат да се борат со растечката дигитализација на општествата и да се запознаат со можностите на вештачката интелигенција на пазарот на труд и останатите области.
Тој додаде дека курсот ги прикажува на најпрактичен начин основните концепти на вештачката интелигенција.
– Програмата „елементи на вештачката интелигенција“ постигна огромен успех во Финска од самиот почеток во 2018 година и прерасна во најпопуларниот предмет што до сега онлајн го посетија 220.000 студенти од повеќе и од 110 земји, истакна Рус.
Универзитетот на Хелсинки е основан во 1640 година.
Поврзани артикли