Компанијата HMD Global го претстави својот нов адут во entry-level секторот на паметни телефони. Nokia 2.3 ќе го наследи постоечкиот Nokia 2.2 модел претставен во текот на ова лето.
Новата Nokia 2.3 донесува поголем екран, поголем капацитет на батерија, поддршка за отклучување на уредот со препознавање на лицето и нешто пониска почетна цена од 109 евра.
Донесува 6,2-инчен HD+ екран во 19:9 формат, четиријадрениот Mediatek Helio A22 чип базиран на ARM Cortex-A53 CPU јадра, 2 GB RAM, 32 GB интерна меморија проширлива со microSD картички, 3,5-милиметарски приклучок за слушалки и батерија со капацитет од 4000 mAh.
Фотографската компонента се базира на 5-мегапикселна селфи камера сместена во засек и 13-мегапикселна задна камера. Поддржани се Wi-Fi (802.11n) и Bluetooth 5.0, додека уредот се полни преку класичен micro USB приклучок. Се работи за уред кој се темели на Android One платформата, а на почетокот ќе пристигнува со оперативниот систем Android 9.0 Pie.