За да им излезе во пресрет на корисниците, Instagram најави уште една опција во рамките на својата апликација која ќе помогне спречи поставување на пораки кои може да се сметаат за навредливи.
Пред неколку месеци, Instagram исфрли алатка која ги известува луѓето кога нивните коментари би можеле да бидат навредливи, пред да бидат објавени. Најновата опција се шири со помош на алатка со употреба на вештачка интелигенција за пронаоѓање на потенцијално навредливи наслови.
Оние кои ќе напишат таква порака ќе добијат кратко известување дека нивниот наслов е сличен на оние кои се пријавуваат како малтретирање и им се советува да размислат малку за својата порака. Instagram ќе им овозможи на корисниците да ja променат пораката пред да ја испратат, доколку е означена како потенцијално навредлива.
Новата опција има за цел да ги едуцира корисниците на Instagram и да ги спречи корисниците потенцијално да ги загубат своите сметки поради кршење на правилата за користење на мрежата. Оваа опција ќе биде вметната во апликацијата во наредните месеци.
N