Огромна црна дупка буквално голта ѕвезда со големина на нашето Сонце, а ние првпат имаме можност да видиме како тоа изгледа, благодарение на снимките кои се забележани од страна на телескопот на НАСА за “лов“ на планети.
Откако ја видовме првата фотографија од црната дупка, сега можеме да видиме како таа “работи“. Сателитот на вселенската агенција TESS открил детално исчезнување на ѕвезда која е оддалечена 375 милиони светлосни години и која е повлечена од моќната гравитација на супермасивната црна дупка, објавиле научниците од НАСА, а снимката е споделена и на неа се гледа како ѕвездата со големина на нашето Сонце паѓа во мракот.
What happens when a star strays too close to a black hole? Intense tides break it apart into a stream of gas. @NASA_TESS helped produce the most detailed look yet at the beginning of this cataclysmic phenomenon. Visualize how it unfolded: https://t.co/k8V9LFVX9f#BlackHoleWeek⚫ pic.twitter.com/h9H9mnfq9t
— NASA (@NASA) September 26, 2019
На ваква снимка се чекаше со децении. Астрономте ја користеле меѓународната мрежа на телескопот за да го откријат овој феномен, а потоа се свртеле кон TESS кој е специјално дизајниран да ги “лови“ оддалечените планети, а кој го забележал почетокот на ова драматично случување.
„Тука станува збор за комбинација на способности и среќа која понекогаш навистина ви треба за да ја носите науката напред“ – изјавил астрономот Томас Холоен од институтит Карнеги за науки кој го видел ова истражување објавен во списанието “Astrophysical Journal“.
Таков феномен се случува кога ѕвездата ќе се приближи до црната дупка, објектот кој постои во средиштето на многу големите галаксии, вклучувајќи ја и нашата – Млечен пат.
Многу силната гравитација на црната дупка ја растргнува ѕвездата и еден дел од нејзиниот материјал се исфрлува во вселената, а остатокот влегува во црната дупка формирајќи “жежок диск“, нешто како сјаен плин.
Воочувањето на осцилацијата на светлото додека црната дупка ја “јаде“ ѕвездата и го исфрла нејзиниот материјал во спирален облик би можело да им помогне на астрономите да го разберат функционирањето на црните дупки, научната мистерија уште од времето на физичарот Алберт Ајнштајн.
Извор: Noizz.rs
Поврзани артикли