Пред околу еден месец, се појавија информации за Samsung Galaxy Fold 2, што сугерира дека уредот ќе користи нова технологија на дисплеј. Со оглед на тоа дека телефонот е веќе во фаза на развој, компанијата нарача значителни количини од овие панели. Патентот на Samsung кај EUIPO (Европска канцеларија за интелектуална сопственост) сега ги потврди плановите на компанијата.
Новиот флексибилен слој го носи името UTG (Ultra-Thin Glass). Може да се примени на различни типови електроника и типови дисплеи, но се верува дека се користи главно кај телефоните. Се предвидува дека Galaxy Fold 2 ќе го користи UTG слојот следната година, што треба да поправи некои од проблемите што ги имаше оригиналниот Galaxy Fold модел, како што е издржливоста.
UTG екранот би требало да биде поотпорен на гребење, бидејќи дека технички во прашање е стакло, и нема да бара заштитен слој на површината. Проценетата дебелина на стаклото е од 30µm до 100µm.
Сепак, потребно е да се има на ум дека UTG дисплејот е тежок за произведство и во моментов е исклучително скап. Иако, гласините сугерираат дека Galaxy Fold 2 ќе чини помалку од оригиналниот Fold.