Камерите под екранот се многу блиска иднина, бидејќи неколку производители веќе открија дека работат на усовршување на технологијата за да биде подготвена за крајниот корисник. Пред неколку дена, на Oppo Inno Day 2019, кинескиот производител претстави еден од своите прототипови, кој изгледа како вистински телефон подготвен за масовно производство.
Интересно е дека прототипот на Oppo, како новина ја нема само предната камера, туку има беспрекорно чист дизајн, без копчиња, без портови и испакнување на камерите. Екранот има голема закривеност, но не толку екстремна како Huawei Mate 30 Pro. Ова му овозможи на Oppo да направи малку подобра работа со страничните копчиња чувствителни на допир – за нив има повеќе простор и со нив е полесно да се ракува.
Покрај тоа, бидејќи телефонот нема ниту еден порт, се потпира само на безжичното полнење. Телефонот поддржува брзо безжично полнење од 30W, така што корисниците нема да мора да се чувствуваат како да прават компромис, доколку немаат брзо полнење преку кабел. На крајот на краиштата, 30W е прилично брзо, иако е потребно да се носи безжичен полнач, за да го полните вашиот уред додека сте во движење.
And here is the @oppo under-display camera. It's very well hidden, you can only see it at specific angles with glare pic.twitter.com/4VS69rMG2o
— David ImeI (@DurvidImel) December 10, 2019
Што се однесува до камерата под екранот, таа и натаму изгледа како нешто што е во зачеток. На пример, лесно можат да се видат рабовите до кои е оставено место за камерата, кога околу неа има посветли бои како бела, светло сива и други. Меѓутоа, кога се прикажани потемни тонови, тешко е да се забележи каде точно е засекот за предната камера.
Првичната верзија на камерата испорачуваше 50 проценти помалку светлина од сензорот во споредба со стандардниот дизајн, но сега, тоа е значително подобро и истражувачкиот тим се уште го корегира дизајнот на OLED дисплејот за да ја подобри камерата во овој поглед.
Say goodbye to the notch ? @oppo 's in display selfie camera is so ? you barely notice the camera's there ?#CreateBeyondBoundaries #OPPOINNODay #OppoInnoDay2019 pic.twitter.com/FjVfW4eRLd
— Isa does, but she cannot even RN? (@sisasaid) December 10, 2019
Треба да се напомене дека телефонот се уште е прототип и многу може да се промени во текот на развојот, па конечниот резултат може да се разликува. Компанијата Oppo не даде одредена временска рамка, но се надеваме дека прототипот ќе се најде во продажните модели во текот на следната година.