За неколку недели, се очекува Huawei да ја претстави P40 серијата смартфони. Иако вниманието обично е насочено кон стандардните и Pro моделите, не треба да се заборави дека ќе има и Lite верзија на Huawei P40.
Според новите гласини, P40 Lite се очекува да биде лансиран во текот на 2020. година, а судејќи според фотографиите, телефонот изгледа прилично познато. Истото важи и за спецификациите.
Huawei очигледно се одлучи за едноставен пристап на ребрендирање за неодамна лансираниот Нова 6 SE модел, кој ќе се продава како P40 Lite на оние пазари каде што P серијата традиционално добива Lite модел.
Доколку се обистинат гласините, Huawei P40 Lite ќе има 6,4-инчен LCD екран со резолуција 1080 x 2310, Kirin 810 чипсет, 8 GB RAM, 128 GB простор за складирање, систем со четири камери на задната страна (48MP f/1.8 главен сензор, 8MP f/ 2,4 ултра широк сензор, 2MP f/2.4 макро сензор, 2MP f/2,4 сензор за длабочина), 16MP f/2.0 селфи камера во punch hole отвор и батерија од 4200mAh со брзо полнење од 40W.