Apple го купи британскиот стартап, Spectral Edge Ltd. Оваа компанија ја разви технологијата на истовремено сликаљњ на обични и инфрацрвени фотографии, кои се спојуваат со процесот на машинско учење, а резултатот е појасна фотографија со поприродни бои. Тоа на технолошкиот гигант ќе му обезбеди предуслов во следните верзии на своите телефони да ја имплементира оваа технологија и дополнително да го подигне нивото на квалитетот во последно време најважниот дел на смартфоните – камерата.
Според производителот, оваа технологија може да се имплементира софтверски или хардверски. Потенцијалната примена би можела да биде во унапредување на фотографиите направени во лоши светлосни услови (ноќни фотографии), но и во деталниот приказ кој ќе го понудат безбедносните камери или дронови.
Засега не е позната вредноста на оваа аквизиција. Податоците кои можат да се добијат е дека Spectral Edge во текот на минатата година собрал 5,3 милиони долари инвестиции. Според аналитичарите, Apple би можел оваа технологија да ја имплементира во својот AI за фотографии, но за потврда сепак ќе мора да причекаме додека не го здогледа светлото на денот.
Поврзани артикли