Xiaomi претстави Bluetooth будилник

Како што веќе многу пати пишувавме, Xiaomi освен со паметните телефони, телевизори и лаптопи се занимава и со производство на разноразни гаџети, како што се паметни велосипеди, ромобили и облека.

Овој пат преку сопствената crowdfunding платформа Youpin претставија нов производ, Qingping Bluetooth будилник. Покрај едноставниот дизајн, будилникот на Xiaomi го одликува и можноста за поврзување со паметните телефони со помош на Bluetooth, што меѓу останатото вклучува и автоматска синхронизација на часовникот.

Можно е да се постават вкупно 16 различни аларми со осум различни мелодии. Можно е автоматско поставување на светлината на екранот со вклучено автоматско намалување на светлината во периодот од 19 часот навечер до 7 часот наутро.

Покрај функцијата на часовник и аларм, гаџетот на Xiaomi има и можност за следење на температурата и влажноста на воздухот (температурата се мери со помош на швајцарскиот сензор Sensiron). Во продажба пристигнува кон средината на јануари по цена од 8 американски долари.