Уште од млади години учиме дека овошјето и зеленчукот се здрави за нас. Но, со текот на времето, процесот на стареење, и зголемувањето надневните обврски, честопати ги забораваме мудростите стекнати на рана возраст. Истражување направено во 2015 година покажува дека од сите возрасни групи, само деца од возраст 1 до 8 години ја консумираат препорачаната количина на овошје и зеленчук. Резултатот од истражувањето укажува дека модерниот животен стил го ограничува времето за внесување на целосен здрав оброк.
Од друг аспект, храната не е наменета само за задоволување на гладот и обезбедување на неопходните хранливи материи за оптимална функционалност на телото, туку и за спречување на болести поврзани со исхраната, како и за подобрување на физичката и менталната благосостојба на консументот. Внесувањето на сировата храна, посебно најосновните намирници- овошје и зеленчук, е поврзано со намалениот ризик од хронични и незаразни болести.
Автор на фотографијата: Стефанија Видовски
Чисто „Clean – junk free“ јадење претставува начин на исхрана кој што ја потенцира консумацијата на сирова храна, во нејзината најмалку обработена состојба. Тоа вклучува редовно внесување на овошје и зеленчук, ореви, семиња и ниско-обработени протеини, но во ниеден случај не изоставува цели групи на храна.
Со оглед на тоа, здравите сирови закуски, кои најчесто се во форма на бар или колач, се истакнуваат во овој начин на исхрана бидејќи овозможуваат практичност во консумација, иновативност во производство, и висока нутритивна вредност во мала количина. Настрана од тоа, тие се произведуваат со природни состојки, односно, ги имаат сите бенефити на сировата храна, додека се истакнуваат со нивната достапност. Поради тоа, трендот на здрави сирови закуски забрзано расте, и се првичниот избор за ужина на повеќето, особено кај луѓето со динамичен животен стил.
Во чекор со овој тренд, пронајдете ги четирите нови вкусови на Виталиа сировите барови на база на овошје и зеленчук кои ги задржуваат оригиналните хранливи материи и минерали, додека вкусот на состојките останува со истиот интензитет. Овие ужинки се ослободени од какви било преработени состојки и наместо тоа содржат висок процент на суво овошје, зеленчук и интегрални житарки. Настрана од тоа, се карактеризираат со сладок вкус добиен од изобилството на овошје, без додадени шеќери, без глутенски состав, и совршено се вклопуваат во вегански режим на исхрана.
Имајќи го тоа во предвид, придружете ни се на Junk Free, Guilt Free движењето, и дозволете Виталиа да ви биде мотивација за “Clean” исхрана, и водич на патот кон здравиот животен стил.