Фабриката на Tesla во Германија ќе произведува 500.000 електрични возила годишно

Tesla планира да произведува 500.000 електрични возила годишно во својата нова фабрика во Германија, која ќе биде лоцирана на периферијата на Берлин. Информациите за ова доаѓаат од германското издание на „Билд“.

Минатиот месец, извршниот директор на Tesla, Елон Маск ги објави намерите на компанијата да изгради објект во Грунхајд (во областа Бранденбург) што ќе произведува електрични возила Model 3 и Model Y..

Според „Франкфуртер алемајне цајтунг“, инвестицијата на Американците ќе вреди околу 4 милијарди евра. 10.000 работни места ќе бидат креирани во европската „гигафабрика“ а вкупната површина ќе биде колку 420 фудбалски игралишта.

Фабриката се очекува да започне со производство наредната година.