Samsung Galaxy S11 во повеќе региони ќе користи Snapdragon 865 чипсет

Извештај од Јужна Кореја сугерира дека претстојната Galaxy S11 серија телефони ќе користи Snapdragon 865 чипсет наместо Exynos 990 моделот во сите регион, освен една.

Традиционално, само САД, Кина и Јапонија добиваат модели со Smnapdragon чипови, а причина за ова е подобрата поддршка за 4G мрежи кои ги поддржува модемот на Qualcomm. Меѓутоа, според наводите, следната година сите региони освен Европа ќе се префрлат на Snapdragon.

Според извештајот на јужнокорејскиот The Elec, раководството на Samsung на ваков потег се одлучи поради тоа што се преголеми разликите во перформансите помеѓу двата чипсета. Ова секако се уште не е официјално потврдено од Samsung и се уште е во домен на шпекулации.

Snapdragon 865 ги користи најновите Cortex-A77 јадра, има 15 TOPS AI перформанси и ISP може да поддржи 200MP камери. Од друга страна, Exynos 990 ќе ги користи постарите Cortex-A76 јадра, 10 TOPS перформанси NPU за AI, додека поддршката за камери оди до 108MP.