Google Chrome ќе ве извести доколку ви е загрозена лозинката

Google додава неколку нови функции во веб-прегледникот Chrome, за на корисниците да им обезбеди побезбедно опкружување при пребарувањето на интернет. Следниот пат, кога ќе се логирате на некој сајт, Chrome ќе ве извести доколку вашата лозинка и корисничко име се компромитирани при пробивањето податоци. Исто така, ќе препорача промена на лозинка која веќе сте ја користеле.

Според наводите на Google, ова е функција на која компанијата работи веќе некое време. Почната е како екстензија во февруари, додека во октомври е додадена директно во Google Accounts.

Google исто така додава и заштита од фишинг во реално време во десктоп верзијата на Chrome. Покрај ова, прегледникот ќе предупреди кога смета дека корисникот би можел да ја внесе својата Google Account лозинка во сомнителниот фишинг сајт.

Компанијата го измени и интерфејсот за Chrome за да овозможи полесно да се види дали логинот или делениот компјутер се чува на поинаков профил. Преработениот sign-in индикатор е сместен десно од полето за адреса и ќе го покажува името поврзано со налогот. Редизајнираното мени, исто така, овозможува полесно менување помеѓу профилите, според наводите на Google.