Што ќе се случи кога нашето Сонце ќе „умре“? (ВИДЕО)

На сите добри работи им доаѓа крај, па не е исклучок и нашето Сонце, кое го одржува животот на Земјата.

За да го илустрира ова, видеото подолу прикажува застрашувачка визуализација што покажува што ќе се случи кога нашата ѕвезда ќе изгасне.

Ѕвездите се полни со водород што согорува исклучително брзо, а кога гасот ќе исчезне, се проширува во гигантски „црвени џинови“, вшмукувајќи сè пред себе. Во случај на најновата снимка, ова ја вклучува и планетата Земја.

Како што се тврди, само прашање на време е кога нашето Сонце ќе стигне до оваа фаза на животот, што би можело да се случи за околу 5 милијарди години, така што моментално нема причина за паника.

Овие црвени џинови на крајот ги трошат своите надворешни слоеви, оставајќи ги зад себе остатоците.

Извор: B92.net