North: Следната генерација паметни очила пристигнува во 2020. година

Компанијата North своите први паметни очила ги лансираше само пред неколку месеци, а веќе мисли на иднината и производите од новата генерација.

Имено, канадскиот производител објави дека новиот модел може да се очекува веќе во 2020. година, под името Focals 2.0. За производот нема многу информации, па заинтересираните засега можеа да видат само фотографија, но се ветува дека моделот ќе функционира на „целосно поинакво ниво“. Покрај тоа, компанијата ќе продолжи и со ажурирање на оригиналниот Focals модел, кој и самиот е се уште свеж и неистражен од големиот број корисници.

Иднината на компанијата зависи од новиот Focals 2.0 модел, посебно ако се имаат во вид последните проблеми, а посебно случајот на отпуштање на 150 работници, што беше неопходно за компанијата да има доволно пари за производство во следните 24 месеци.