Анализата на Rosenblatt Securities покажува дека Apple ќе го намали производството на iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max до 25 проценти овој и следниот квартал. Компанијата проценува дека вкупното производство ќе падне за дури 60 одсто до крајот на март. Rosenblatt ова го препишува на намалениот интерес за 4G паметните телефони.
Rosenblatt очекува идната есен Apple да лансира шест модели во серијата iPhone 12. Основната – iPhone 12 4G, ќе има 6,1-инчен LCD екран и двојна главна камера. Покрај тоа, може да видиме две варијанти на iPhone 12 Pro со 5,4-инчни OLED екрани, а разликата ќе биде достапноста на 5G конекција во една од нив.
Можно е да видиме и iPhone 12 Pro Plus во две варијанти во однос на мобилното поврзување, и iPhone 12 Pro Max, кој ќе биде само 5G верзија.
Овие предвидувања се различни од очекувањата на аналитичарот Минг-Чи Куо, кој предвидува дека во 2020 година Apple ќе претстави четири модели со OLED екрани, како и поевтиниот iPhone SE 2 (iPhone 9).