Норвешкиот град Ставангер планира да воведе забрана за користење на мобилните телефони во училиштата во тој град. Општинските власти на Ставангер освен забраната за смартфони планираат на помалдите ученици да им оневозможат индивидуален пристап до компјутерите.
Поголем дел од градските одборници порачаа дека ја поддржуваат оваа идеја, напоменувајќи дека на овој начин потребно е на децата да им се овозможи „детокс“ од виртуелниот свет. Планирано е учениците од прво до четврто одделение повеќе да немаат пристап до PC компјутерите, а наместо тоа ќе бидат поставени заеднички компјутери во училниците, кои ќе можат да се користат со дозвола на учителот. Целта е споменатите мерки да бидат воведени за учениците од сите одделенија, од прво до десетто.
Градскиот одборник, Мимир Кристјансон им изјави на новинарите дека е многу загрижен поради претераната употреба на персоналните компјутери, мобилни телефони, таблети и останати уреди, на кои децата и младите луѓе во денешно време се изложени на дневно ниво.