Сите информации упатуваат на тоа дека Samsung Galaxy S11 ќе биде смартфон кој ќе поддржува 5G мрежа, а корисниците нема да имаат потреба да купуваат дополнителен 5G модел, пишува Tech Radar.
Имено, Qualcomm на 4. декември го најави својот чипсет Snapdragon 865 кој ќе биде поврзан со 5G модем Snapdragon X55.
Со оглед на тоа дека Galaxy S10 користеше Snapdragon 855, Galaxy S9 Snapdragon 845, за Galaxy S11 речиси е сигурно дека ќе има Snapdragon 865.
Произведувачите на мобилни телефони можат да продолжат со продажба на брзината 4G LTE во регионите во кои 5G мрежата не е достапна, но од Qualcomm велат дека не се заинтересирани за тоа.
Да се потсетиме дека откако се појавија фотографиите за тоа како би можел да изгледа новиот Galaxy S11, пристигнаа рендерите и за моделот Galaxy S11e кој би требало да има 6,2 или 6,3 инчен екран.
Меѓутоа, до февруари можеби ќе се променат некои детали и спецификации.
Извор: Klix.ba