Можноста за поврзување на интернет се шири брзо во автомобилската индустрија, а за таа цел компанијата Pirelli произведе гума која испраќа вредни податоци.
Новата гума на Pirelli содржи мал диск со големина на паричка во кој се сместени сензор, процесор и електроника за комуникација.
Дискот ги собира клучните податоци и ги испраќа кон ECU единицата во автомобилот, но и на другите автомобили во близина.
Во случај сензорите на гумите да препознаат лоши услови за возење, ќе испратат податоци на ECU единицата која ќе се прилагоди на возењето во моторот.
Гумата ќе ги следи и другите информации како што се притисокот во гумите, температура на гумите и слично.
Оваа технологија не е во потполност имплементирана на улиците, но нешто слично веќе се користи во камионската индустрија.
Технологијата им заштедува време на механичарите кои не мораат да го проверуваат притисокот во гумите затоа што на овој начин знаат која гума треба да ја напумпаат, а која не.
Се очекуваат долгорочни тестирања, но уште сега се знае дека сајбер гумата е голем чекор за зголемување на сигурноста на патиштата.
Извор: Klix.ba