HP деновиве ги претстави новите конвертибилни лаптопи од серијата ProBook x360. Се работи за 11,6-инчните преносници HP ProBook x360 11 G5 EE и HP ProBook x360 11 G6 EE дизајнирани за образовниот сектор и училиштата.
HP се погрижи куќиштето на овие лаптопи да биде поиздржливо во однос на стандардните преносници. Двете куќишта имаат засилени рабови, а тастатурите се отпорни на истурање на течност. Како убав додаток, производителот додаде и механичка заштита за веб-камерата.
Двата моделa ги делат поголем дел од спецификациите – екран на допир од 11,6 инчи осетлив на допир (1,366 x 768), три USB 3.1 портови (2x Type-A, 1x Type-C) и еден HDMI (2.0a), Ethernet и 3.5-милиметарски аудио влез. Сите модели се со 8 GB RAM меморија, што не е можно накнадно да се бадгради. Имено, RAM-меморијата е залемена на матичната плоча. Просторот на податоци зависи од преференциите на купувачите и може да се движи од 64 GB (eMMC) до 128 GB и 256 GB (SATA SSD). Овозможена е и поддршка за Wi-Fi (802.11 ax) и Bluetooth (5.0). Капацитетот на батеријата на двата модела е 48 Whr.
Она по што најмногу се разликуваат G5 и G6 моделите се процесорите. Петтата генерација на конвертибилни лаптопи се заснова на 6W Celeron и Pentium процесори, а шестата на десеттата генерација 7W Core i3 и Core i5 Y процесори. Според ова, G5 EE моделите ќе бидат достапни во конфигурации со шест различни процесори, а G6 EE моделите со само два.
HP ProBook x360 11 G5 EE серијата ќе биде достапен веднаш, а HP ProBook x360 11 G6 EE ќе пристигне во март 2020 година. HP сè уште не ги откри цените.