Кинескиот технолошки гигант Huawei Technologies планира да ја прошири линијата производи кои ќе работат на оперативниот систем Harmony OS. Овие производи следната година ќе бидат достапни како во Кина, така и ширум светот. Корисниците најмногу очекуваат да го видат Harmony OS на паметните телефони, таблети и компјутери, но тоа се уште нема да се случи, објавено е од компанијата.
Телевизорите и уредите кои се поврзани со ТВ уредот се први производи кои го добија Harmony OS, кој во Кина се нарекува Hogmeng. Wang Čenglu, претседател на софтверската дивизија на Huawei не беше детален за кои уреди се работи, но спомена дека Harmony OS би можел да се најде на идните паметни часовници, звучници и уреди за виртуелна реалност. Кога се во прашање телефоните, Huawei со сите сили ќе се бори на нив да го задржи Android OS.
Да потсетиме, Harmony OS е претставен во август оваа година, откако САД воведе санкции кон оваа компанија. Тие досега беа применети на одредени модели на премиум смартфоните на Huawei, но некои модели се појавија потоа со целосната верзија на Android. Бидејќи очигледно постои шанса (барем на некои) следни Huawei телефони да се најде целосната верзија на Android, компанијата не планира без некоја потреба да преминува на Harmony OS.