Во јуни, Microsoft го објави својот проект Scarlett – следната генерација на Xbox, за која компанијата рече дека „ќе ја подигне летвичката за моќност, брзина и продуктивност на конзолите“. Она што не го спомна компанијата е дека работи и на поевтина верзија на Scarlett без диск, со кодно име Lockhart. Информациите доаѓаат од четири извори, кои ги знаат плановите на компанијата.
Двете конзоли од следната генерација се наследници на Xbox One S и Xbox One X. Lockhart ќе дебитира без диск, слично како верзијата Xbox One All-Digital. Се шпекулира дека компанијата ќе заштеди пари од хардверот за конзолата, така што оваа варијација ќе биде помалку моќна од главниот проект Scarlett, со кодно име Anaconda.
Токму Anaconda ќе биде вистински скок на следната генерација во гејмингот, а се вели дека Microsoft планира оваа конзола да има повеќе од 10 терафлопа во својата графичка моќ. Плановите на Lockhart може да се променат, но во моментот се очекува да дебитира со околу 4 терафлопи. Стандардите што се очекува да ги исполни Microsoft се 4K резолуција и 60 фрејма во секунда за Scarlett и резолуција од 1440p и 60 фрејма во секунда за Lockhart.
Тимот на Xbox официјално не потврди ништо од ова. „Не коментираме гласини или шпекулации“, изјави портпаролот.
Најинтересното и можеби најважното прашање сè уште нема конечен одговор: Колку ќе чинат овие конзоли?
Поврзани артикли