Сампрогласениот експерт за НЛО Скот Веринг тврди дека забележал чуден детал додека во живо следел пренос на НАСА, кога руски космонаут рекол дека забележал вселенско летало.
Делуваше како космонаутот да потврдува присуство на НЛО, кој „полека се движи нагоре“, пред да биде прекината од копнената контрола на НАСА, рече теоретичарот.
Веринг е уверен дека ова докажува дека светските влади влади се свесни за постоењето на туѓи форми на живот.
„На снимката може да се воочат аномалии кои се движат полека. Тогаш почнува конверзација бидејќи се појави леталото“, наведе Веринг.
Тој посочува на разговорот помеѓу рускиот космонаут и копнената контрола на НАСА како дополнителен доказ дека се работи за нешто сомнително.
Како што објаснува Веринг, се води разговор а кога ќе се појави НЛО-то, разговорот се менува. Кога рускиот астронаут рече „брод“, НАСА го прекина и се слушна „примено“, пред да успее да заврши да каже се што сакаше.
Значи, ова е стопроцентен доказ дека НАСА и Русија знаат дека вонземјаните често ја посетуваат вселенската станица “, увери Веринг.
Веринг исто така посочи дека видеото на НАСА се замаглува кога ќе се појават таканаречените НЛО.
Сепак, скептиците сугерираат дека предметите се едноставно астероиди или мраз.
Радиото Гуфон нуди порационално објаснување за наводната средба со НЛО и пишува: „Зар не е смешно што овие предмети се движат со иста брзина?Честичките мраз едноставно се распрснуваат додека Меѓународната вселенска станица го менува правецот, тврди станицата.