Рекордна продажба на Ninendo Switch конзолата

Nintendo објави дека во текот на минатата недела достигнал рекордна продажба во САД. Само во периодот помеѓу 24. и 30. ноември продадени се 830.000 Nintendo Switch конзоли.

За тоа придонесе и традиционалниот празник за купување „Black Friday“, благодарение на кој цената на новата и поевтина Nintendo Switch Lite конзола била само 199 долари, при што во комплетот се добиваше и играта Mario Kart 8 Deluxe. Реалната продажба е и поголема, но во овој извештај не влегоа податоците во текот на „Cyber Monday“ продажните акции. Воглавно, досега само во Америка се продадени повеќе од 17,5 милиони Switch конзоли.

За добрата продажба омогна и тоа што Nintendo Switch Lite се наоѓа на листата на CNBC за најдобри подароци за празниците. Да потсетиме, оваа конзола е способна да ги користи истите игри како и Switch, а единствената разлика е што не може да се поврзе со телевизор, како и поскапите модели.