Информациите за Samsung Galaxy A91 активно се појавуваат од август, а јужнокорејската компанија веќе потврди дека уредот ќе има поддршка за 45W брзо полнење и дека ќе се испорачува со Android 10 во текот на 2020. година. Исто така, се очекува дека телефонот ќе има Snapdragon 855 чипсет и 4500mAh батерија.
Најновите протечени информации покажуваат како би можел да изгледа телефонот. Рендерите ни ги овозможи сајтот 91Mobiles, а уредот го прикажуваат со систем со четири камери на задната страна (иако има и рендер со систем со три камери) и еден LED блиц. Galaxy A91 би можел да има перископ камера за зумирање.
Предниот страна изгледа речиси исто како Note10 моделот, со централен punch-hole отвор за 32MP селфи камера. Сензорот за отпечатоци се очекува да биде имплементиран под екранот.
Galaxy A91 би требало да има 6,7-инчен Super AMOLED дисплеј со Full HD+ резолуција. Телефонот ќе има 8 GB RAM меморија и 128 GB простор за складирање, а ќе го напојува Snapdragon 855 чипсет. Се очекува барем една варијанта на телефон со 5G поддршка, заедно со Bluetooth 5.0 и Wi-Fi ac.
Системот на камери на задната страна би требало да го сочинуваат главниот сензор од 48MP, 12MP ултраширок сензор, како и 5MP телефото камера. На крајот, извештајот споменува дека на некои пазари Galaxy A91 би можел да биде објавен како Galaxy S10 Lite, со нешто поинакви спецификации.