Корисниците на Instagram наскоро ќе треба да го внесат датумот на раѓање за да продолжат со користење на платформата. Претходно оваа компанија бараше само од новите корисници да потврдат дека се стари најмалку 13 години. Промените се прават за да се направи платформата побезбедна за помладите корисници.
Датумот на раѓање ќе се користи за предложување на стандардните поставки за приватност на системот и нема да биде јавно видлив податок. Во соопштението издадено по тој повод, се вели дека благодарение на таа информација, ќе бидат во можност да развиваат нови искуства кои се во согласност со возраста на корисникот. Оваа промена започна вчера и во наредните недели корисниците можат да очекуваат да бидат запрашани за датумот на ражање, по што ќе се здобијат и со можност за подобро контролирање на својата сметка.
Реакциите на оваа објава се различни. Многу корисници забележаа дека Instagram не го верификува датумот на раѓање, што во старт го дискредитира целиот овој обид. Другите се скептични поради фактот дека Facebook (кој е сопственик на Instagram) ќе добие повеќе лични информации за корисниците.
Starting today, we’ll ask for your birthdate when creating an account, and in the coming weeks, we'll give you more control over who can message you.
This will help us keep young people safer and enable more age-appropriate experiences. Learn more: https://t.co/j7HuSB9Mng pic.twitter.com/8k1cejWal5
— Instagram (@instagram) December 4, 2019