Huawei официјално ја претстави Nova 6 серијата смартфони

По бројните протечени вести и тизери, Huawei официјално ја престави својата Nova 6 линија телефони, кои ја сочинуваат моделите Nova 6, Nova 6 5G и Nova 6 SE.

Најинтересниот модел секако е Nova 6 5G, кој го карактеризира овален punch-hole отвор во екранот, како и премиум Kirin 990 чипсер и троен систем на камери на задната страна. Стандардниот Nova 6 има идентичен дизајн, но не имплементира 5G конекција и има нешто помала батерија. Nova 6 SE е модел од средниот сегмент, со четири камери на задната страна, Kirin 810 чипсет и 4200mAh батерија.

Nova 6 и Nova 6 5G имаат 6.57-инчен FHD+ AMOLED дисплеј, со овален punch-hole отвор за селфи камера во горниот лев агол. Во засекот се сместени две селфи камери, со 32MP и 8MP сензори. Во десната страна на рамката се наоѓа сензор за отпечаток од прст, кој служи и како копче за вклучување. На задната страна на двата телефона се наоѓаат 40MP главна камера, како и 8MP телефото сензор со OIS поддршка и 8MP ултраширок сензор.

Телефоните ги покренува премиум Kirin 990 чипсер, спарен со Balong 5000 5G модемот на Nova 6 5G моделот. Достапни се 8GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање. Оперативниот систем е Android 10 со EMUI 10. Nova 6 пристигнува со 4100mAh батерија, додека 5G верзијата има 4200mAh, а двата телефона имаат 40W Huawei SuperCharge поддршка.

Nova 6 5G има цена од околу 540 долари во Кина, за 8GB/128GB модел и околу 595 долари за 8GB/256GB варијанта. Стандардниот Nova 6 има цена од околу 455 долари за 8GB/128GB модел. Телефоните ќе се најдат на пазарот од 12. декември.

Кога е во прашање Nova 6 SE, се работи за телефон од средниот сегмент на пазарот. Го одликува 6,4-инчен FHD+ LCD панел со punch-hole отвор за 16MP камера. Како и останатите два Nova 6 модели и SE варијантата има сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката.

На задната страна на уредот се наоѓа систем со четири камери, кој го сочинуваат 48MP главен сензор, 8MP ултраширока камера и два 2MP сензора (сензор за длабочина и микро). Сето ова го покренува Kirin 810 чипсет, во комбинација со 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Батеријата е со капацитет 4200mAh и има 40W Huawei SuperCharge поддршка.

Huawei Nova 6 SE ќе се продсва во Кина по цена од околу 315 долари за 8GB/128GB модел, а на пазарот ќе се најде од 12. декември.