Samsung Galaxy Fold 2 нема да чини повеќе од 1000 долари и ќе има преклопен дизајн

Според најновиот извештај од Јужна Кореја, претстојниот Galaxy Fold 2 на Samsung ќе биде значајно поевтин од актуелниот модел. На ова ќе влијаат неколку фактори, меѓу кои и се значајните измени во дизајнот.

Изворите блиски до темата истакнуваат дека Fold 2 ќе го прифати преклопниот дизајн, како она што го имплементира новиот Motorola Razr. Помалата област на флексибилниот екран, комбинираната со пониската цена на производство на самиот дисплеј, потенцијално ќе овозможи цена од околу 1000 долари.

Според информациите од изворите, Galaxy Fold 2 во Јужна Кореја би требало да чини околу 840 долари, а кога ќе се појави на глобалниот пазар цената би требало да достигне 1000 долари. Телефонот би можел да се појави во текот на MWC 2020 саемот во Барселона, заедно со Galaxy S11 серијата, но на пазарот ќе пристигне подоцна во текот на следната година.