По проширувањето на користењето на OLED екрани на своите уреди, Apple би можел да оди и чекор понатаму во имплементација на понапреден хардвер. Аналитичарот Минг-Чу Куо верува дека Apple ќе почне да користи mini LED дисплеи во своите уреди до крајот на 2020. година.
Ова ќе почне со верзијата на 12,9-инчниот iPad Pro таблет и со 16-инчниот MacBook Pro лаптоп. Според наводите на аналитичарите, во Apple линијата ќе постојат четири до шест производи кои ќе користат mini LED екрани, но ќе се работи за постепен премин на оваа технологија.
Во теорија, mini LED нуди бројни предности во однос на OLED екраните, а ова вклучува високи контрасти, поширок распон на бои и потенки панели. Покрај сето наведено, панелите ќе трошат помалку енергија и нема да има burn-in ризик, каков што имаат OLED панелите. Mini LED ќе имаат смисол за преофесионални уреди, каде што е битна прецизноста и кај кои OLED не врши добра работа.
Претходните извештаи сугерираа дека Apple би можел да ги објави новите iPad Pro модели на почетокот на 2020. година, така што најновите прогнози за mini LED дисплеи треба да се земат со доза на резерва.