Гледањето видеа е една од најтешките работи во текот на мултитаскингот. Дури и кога ќе отворите видео во нов прозорец, често морате да го преместувате по екранот за да не ги покрива битните делови на екранот или самиот да не биде покриен со елементите на дисплејот.
Новата Picture-in-Picture функција за Firefox поставува било кое видео на екранот на корисникот и ги спречува останатите табови да го покриваат.
По преземањето на најновата верзија на Firefox, со поминување со глувчето преку видеото се открива Picture-in-Picture опцијата. Со кликање на копчето се отвора видео во самостоен плеер, кое е можно да се поместува по потреба.
Функцијата е достапна само во Windows верзијата на браузерот, но од јануари ќе биде достапна и за Mac и Linux.