Bloodhound суперсонично возило: Над 1000 км/ч за помалку од една минута (ВИДЕО)

Bloodhound не толку одамна беше на прагот на банкрот и замалку не прекина со сите проекти. Новите тестови, сепак, укажуваат на тоа дека не само што проектот трае, туку суперсоничното возило покажа одлични резултати, и за само 50 секунди постигна брзина од 1.010 километри на час.

Иако резултатите звучат импресивно, Bloodhound е само шести на листата најбрзи автомобили на светот. Брзината од преку 1000 километри на час ја постигна со помош на EJ200 млазниот мотор, а следниот пат би требало да добие засилување во облик на ракета која ќе се најде во тунелот под моторот. Се очекува потоа возилото да ја надмине брзината од 1.200 км/ч и така да го собори светскиот рекорд.

Проблемот е единствено во тоа што компанијата се уште има финансиски проблеми, така што иднината на суперсоничниот автомобил не е во целост сигурна. За финалната фаза на проектот потребни се уште околу 13 милини долари, а претставниците на компанијата очекуваат интересирањето на медиумите да привлече нови инвеститори.