Научниците неодамна дошле до сензационално откритие кое би можело да го реши проблемот на океаните.
Повеќе од 8 милиони тони пластика завршуваат во океаните само во текот на една година, убивајќи го морскиот живот и уништувајќи го екосистемот.
Но, изгледа дека научниците се блиску до решение. Тие откриле дека протеините пронајдени во лигњите може да користат за создавање на одржливи алтернативи на пластика.
Could squid protein be an eco-friendly answer to our plastic problem? – CNN https://t.co/y1zu44rLHs#zerowaste #squid #plastics #plasticban #plasticpollutuon #plasticwaste
— Commit to Green™ (@committogreen) February 22, 2019
Лигњите го фаќаат пленот со помош на вакуумските чашки на своите пипки. Тие “чашкички” се опремени со остри прстенести заби кои ја држат храната. Забите се направени од протеини кои се слични на свилата, а тие во последните неколку години се многу интересни за истражување.
Главниот автор на овој извештај, Мелик Демирел од Државниот универзитет во Пенсилванија, вели дека неговиот тим произвел прототип на влакна, премаз и 3D предмети изработени од протеините на прстенестите заби на лигњите кои се нарекуваат “SRT”.
Демирел вели дека тие природни материјали се биоразградливи и би можеле да пружат одлична алтернатива за пластиката.
„SRT” протеините може да се произведат во лабораторија со помош на генетски модифицирани бактерии, што значи дека лигњите не мора да се убиваат. Процесот се заснова на ферментација, користење на шеќер, вода и кислород.
Според истражувачите, “SRT” протеините имаат “вонредни својства”, а материјалите од нив се еластични, флексибилни и силни. Тие исто така имаат способност за термичка и електрична спроводливост, но и за самообновување, што дава потенцијал за некои нови примени.
Извор: Kurir.rs
Поврзани артикли