Паркот на „Ферари“ во Абу Даби прогласен за најдобар тематски парк во светот (ВИДЕО)

Познатиот забавен парк Ferrari World во Абу Даби ја доби наградата за најдобар тематски парк во светот.

„Четири години по ред сме водечки тематски парк на Блискиот Исток, не можеме да биде погорди. Ова е легендарен тематски парк полн со возбудливи содржини, правиме сè што можеме за нашите гости. Горди сме за оваа награда“, изјавила Бјанка Самут, генерална менџарка на паркот „Ферари ворлд“.

Тематскиот парк е направен пред речиси 10 години. Се наоѓа на островот Јас во Абу Даби и тоа е првиот тематски парк на „Ферари“ во светот и го поседува најбрзиот ролеркостер во светот.