Откако Америка ја стави на црната листа компанијата Huawei, многумина се прашуваат дали кинескиот техно гигант може да произведува паметни уреди без делови од САД. Одговорот на тоа е новиот Mate 30 што Huawei успеа да го произведе целосно без американски делови.
Поточно, анализата на UBS и Fomalhaut Techno Solutions вели дека ново издадениот Huawei Mate 30 воопшто не содржи делови од американски производители, пишува The Verge.
Се чини дека Huawei пронашол неамерикански снабдувачи за неколку критични компоненти. На пример, сега користи аудио засилувачи од холандскиот NXP, а не од Cirrus Logiac, потпирајќи се целосно на својата HiSilicon поплупроводничка дивизија за Wi-Fi и Bluetooth чипови, а не на Broadcom. Huawei, исто така, бројните делови од американски производители ги замени со јапонско и тајванско производство.
Сепак, потсетуваме на изјавата на портпаролот на кинеска компанија: „Huawei има јасна тенденција да продолжи со интегрирање и купување компоненти од американски партнери. Доколку ова се покаже невозможно поради одлуката на американската влада, нема да имаме друг избор освен да најдеме алтернативна понуда од извори кои не се од САД“.
Поврзани артикли