Загриженоста поради дипфејк-технологијата зема сè поголем замав, па така, на пример, властите во Калифорнија во пресрет на изборите во 2020 година усвоија закон кој забранува дистрибуција на „залажувачки“ аудио или визуелни материјали пред изборите, објави „Вајрд“.
– Лажењето никогаш не изгледало толку добро. Постои загриженост дека на светско ниво ќе се појави движење што ќе го наруши квалитетот на информатичката сфера, како и на дискурсот потребен во демократијата – изјави Ајлин Донахоу, член на Комисијата за трансатлантски изборен интегритет.
Таа додава дека „дипфејковите“ се следната генерација лажни вести.
Една од спорните точки на калифорнискиот закон е прашањето околу тоа кој и како ќе се утврдува автентичноста на спорните видеа.
Повеќе технолошки центри работат на што поефикасен софтвер за таа цел. А, пак, самиот развој на дипфејк-технологија сè помалку и сè потешко дозволува тие софистицирани видеомонтажи да бидат откриени.
Поврзани артикли