Panasonic прекинува со производство на чипови

Управата на јапонскиот електронски гигант Panasonic објави дека прекинува со производство на полупроводници поради интензивната конкуренција од Кина и Јужна Кореја.

Од истата причина, донесена е одлука да се продаде тајванската филијала на компанијата – Panasonic Semiconductors Solutions; Nuvoton по цена од 250 милиони долари.

Потегот означува крај на легендарниот јапонски бизнис од 1980-те и 1990-те, кога Panasonic беше глобален производител и двигател на иновациите во производството на чипови.

Panasonic како целина предвидува пад на оперативната добивка од 27 отсто. Покрај тоа, челниците на Panasonic минатата недела најавија дека производството на панели со течен кристал ќе заврши до 2021. година.