Минатата недела се појавија официјалните рендери на претстојниот Huawei Nova 6 5G телефон во четири различни бои (црна, сина, црвена и сино-виолетова), а сега сината верзија на уредот имаме прилика да ја видиме на неколку протечени фотографии.
Фотографиите покажуваат дека Nova 6 5G ќе има punch-hole отвор во кој се сместени две селфи камери. На задната страна на уредот се наоѓа вертикално поставен систем на камери со три сензори и LED блиц. Покрај камерите најверојатно се наоѓа 3D ToF сензор или ласерски автофокус.
Според наводите на Huawei, Nova 6 5G ќе има 32MP сензор и ќе нуди можност за автофокус и Super Night Mode. Камерата ќе може да снима селфи со поширок агол, благодарение на ултрашиорокиот објектив од 105 степени.
Официјалниот TENAA листинг од претходно сугерира дека телефонот ќе има Kirin 990 чипсет, а ќе биде достапен во 8GB + 128GB и 8GB + 256GB опции на меморија и простор на складирање. Huawei Nova 6 4G и 5G ќе поддржуваат 40W брзо полнење. Телефонот би требало да биде официјализиран на 5. декември.