Huawei започна со продажба на достапни лаптопи под брендот Honor, базирани на AMD процесорите. Преносните компјутери во моментов се достапни на кинескиот пазар за околу 469 американски долари, пренесува IT Home.
Honor ги претстстави своите нови лаптопи MagicBook 14 и 15 кон крајот на ноември, а сега се достапни за купување во Кина. Лаптопите се дизајнирани врз основа на AMD Ryzen процесорите и доаѓаат со претходно инсталирани Windows и Linux.
MagicBook 14 и 15 имаат вграден скенер за отпечатоци од прсти што се наоѓа на копчето за вклучување, како и камера вградена во горниот ред на тастатурата. Лаптопите доаѓаат со Full HD IPS-екрани.
Батеријата обезбедува околу 9,5 часа траење на батеријата. Цените на лаптопот се движат од 469 до 597 долари, во зависност од конфигурацијата.