Почна скенирањето на лицата на корисниците на смартфони во Кина

На 1 декември во Кина стапи сила законодавството кое бара сите потрошувачи да се подложат на скенирање на лице при набавка на мобилни комуникацски услуги (телефонија и / или податоци). Воведувањето на мерката беше најавено пред неколку месеци. Според информациите на кинеските власти во врска со влегувањето во сила на одредбата, телекомуникациските оператори мора да користат „вештачка интелигенција и други технички средства“ за да го потврдат идентитетот на корисниците кога ќе регистрираат нов телефонски број. Како што е случај во многу други земји, со години се бара во Кина да се идентификувате со лични карти при купување на нова СИМ картичка. Сепак, сега ќе се користи препознавање на лице за да се потврди дека клиентот и лицето на документи се иста личност. АФП цитираше неименуван извор на кинеската влада, велејќи дека идентификацијата вклучува вртење на главите и трепкање.

Една од мотивациите на Кина да ја зголеми безбедноста во однос на поседување на комуникациски уреди е да се елиминира можноста анонимни корисници на Интернет и да се справат со компјутерски измами и компјутерски криминал. Сепак, експертите посочуваат и на загриженоста на многу обични потрошувачи за растечката способност да го следат секој граѓанин во државата. Потегот со претплатите со мобилни телефони е особено важен затоа што повеќето луѓе во земјата пристапуваат на Интернет преку мобилни уреди.

Стотици милиони камери за следење се веќе инсталирани во Кина, со планови да достигнат околу 400 милиони до 2020 година. Многу од нив се поврзани со ВИ и препознавање на лице. Најголемата земја во светот е неоспорен лидер во развојот и имплементацијата на ваквите технологии од областа на безбедноста, при што некои од статистичките податоци за нивниот успех се зачудувачки. На пример, во почетокот на есента беше промовирана камера која има сензор од 500 MP, за која се тврди дека веднаш може да препознае секој од толпа од 10.000.