Германскиот BMW го искористи големиот кикс на Tesla при промоцијата на нејзиниот камионет Cybertruck.
За време на презентацијата во Лос Анџелес, директорот на tesla, Илон Маск сакаше на присутните да им ја претстави цврстината на камионetot, а за таа цел дури и удрi со чекан по каросеријата од не’рѓосувачки челик.
Баварците реагираа експресно и го искористија гафот на Tesla за маркетинг цели при рекламирање на нивниот блиндиран SUVм X5 Protection VR6.
Comes with bulletproof windows and offers splinter protection in case it gets hit by a metal ball: The new BMW X5 Protection VR6: https://t.co/XnMPixFvRx
[Combined fuel consumption and CO2 emission: 13.0 l/100 km; 298 g/km. Further information: https://t.co/3Hw3jgS6fo] pic.twitter.com/fn5uXAYawo
— BMW (@BMW) November 22, 2019
„Доаѓа со јасни непробојни прозорци и нуди заштита од стаклени парчиња во случај да биде погоден од метална топка“, се исмејува конкурентот од САД.
Оклопниот BMW X5 Protection VR6 е придвижуван од 4.4-литарски V8 со 523 КС. Почетна цена е 82.150 долари.
Тесла објави дека Cybertruck ќе биде достапен за 39.900 долари, додека најскапата верзија ќе чини 69.900 долари.